Откриена е голема афера во која е замешна владејачката партија на Зоран Заев и неговите довчерашни противници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Откако СДСМ се врати на власт, по речиси 15 години во опозиција новата Влада ги испита најсомнителните зделки во времето на Груевски и веќе има неколку судски процеси против поранешни фунцкионери кои се огрешиле.
Она што јавноста не го знаеше е дека Заев заедно со градоначалникот на Центар Андреј Жерновски им нуделе по еден стан на сите вмровски функционери кои ќе прозборат за криминалот како сведоци. Уште поинтересно е дека сите оние што ќе проговореле за криминалот веднаш добивале стан во зградата „Папагал“.
Дознаваме дека се прави нова зграда со целосно дреч-жолта фасада и која ќе се вика „Канаринец“. Во неа ќе се сместуваат сите вмровци кои буквално ќе пропеат за криминалот во перидот од 2006 до 2019.
Планот бил да се изгради и уште еден објект наречен „Буф“ и тоа за оние ексфункционери кои ќе прозборат и ќе пропеат ама и самите се валкани па поради тоа нема да можат да спијат.
А дека властите се менуваат а скандалите остануваат докажува и новиот ДУП, според кој ќе се гради објект наречен „Јато“ и во него ќе се сместуваат по 50 жители од Мала Преспа во еден стан.