ВЕСТИ ОД ИДНИНАТА: Состојбите во Македонија во 2037-та година!

by lali 20:44
20:44

 

– На говорницата во парламентот е 16тиот пратеник на ДПМНЕ којшто го користи правото на збор побаран од првата седница започната во далечната 2017 година. Опозицијата негодува, но се помирува со фактот. Трајко Вељановски сединиците ги води од дома, преку скајп. Одвреме на време, кога ќе му дојдат гости дава кратка пауза. Се уште му се обраќаат со „Господине претседавач“.

- Advertising -

– ЕУ го испрати твојот 194ти преставник во Македонија кој апелираше претседателот Иванов да ја преиспита одлуката и го додели мандатот на опозицијата. Од истиот преставник беше испратена и доза на загриженост, каде македонската јавност ја оценува како една од најголемите загрижувања за состојбата во Македонија што досега некој од ЕУ ни го испратил. Но, како и бомбите, така и грижата брзо поминува и се заборава.

– 7324-ти ден од протестите ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА. Овој пат, нив ги поддржаа и здруженијата на пчелари, краснописци и оние кои пуштаат нокт на малото прсте. И до ден денес, 2037 година, протестите ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА мируваат за време на викенди и продолжени викенди. Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски ја преставуваат Македонија на евровизија со песната ХУ БАБА ХУ! ТВ Нова уште протестира, но овој пат не пред СЈО, туку пред една од 17те куќи на Сеад Кочан. Вработените од телевизијата си ги бараат задоцнетите 180 плати што телевизијата им ги должи. Скандираат СЈО! СЈО! СЈО! И по некое А1 да си се деси!

– Платформата на албанските партии се уште постои. За жал, албанските партии веќе не. А, ДУИ иако веќе не постои, сепак се уште размислува за излегување од Влада. Артан Груби сам со себе се консултира, убедува и разубедува. Сите очекуваат конечно и кај него разумот да проработи.

– Можеби нема промената на хумната и грбот, но се случува промена на азбука! СДСМ измислува нова азбука за буквите да може да ги користи како именување на својот нов план. Новиот план „ШГУИДКБЈХ“ е направен со иста цел и намена како и претходните други 13 000 планови, како на институционален пат да се добие мандатот од Иванов и конечно се направи нова реформска влада.

– Иванов го замрзнуваат и одмрзнуваат по потреба.

– Јавниот долг веќе е 18 милијарди евра. Министереството за финасии го демантира тоа: Јавниот долг не бил 18 милијарди евра, туку 17 милијарди и 999 милиони евра.

– Народот уште чека парите да ги вратат, но додека чекаат, Македонците стануваат први во светот по иновативност. Патиентирани се три алатки што наоѓаат начин како да се преживе без плата во наредните три години. За жал, првите два патенти ги продадоа за да вратат стари долгови од 2017 година.

– Се уште никој не приметил дека Емил Димитриев се врати од Малта уште во 2017 година, а сепак тој е премиер со најдолг мандат до сега. Полни 19 години! Груевски уште во негово име и во име на Емил оди по градови, села, планини, котлини и долини за да сече ленти. Секогаш спремен да крене телефон и помогне на некој од засегнатите, но за жал, нема жив човек останатато по градовите и селата. Освен за летен одмор, кога иселениците се врќаат во својот топол роден крај што го напуштиле пред деценија и пол. Знаете ОДМОР, оној периодот кога луѓето од нормалните држвави во светот одат да прошетаат некаде. Тоа се прави со заработени пари. Во Македонија, последниот што со свои пари отиде на одмор беше 2029 година во Турција. Македонска делегација го испраќаше на аеродром со медиуми, со песна, музика, оро и погача. И развиорено македонско знаме.

– Скопје 2014 се уште се гради. Станува timeless. Но, исто така и шарено. Но, овој пат не од Шарената револуција, туку од времето. Споменците и фасадите никој ниту ги одржава, ниту се грижи за нив. Дел позеленети од дождот и мувлата, дел пожолтени од сонцето, дел црни од загадениот воздух.

И после 20 години, очигледно дека се тече, се се менува, само народот наш на голтарски стап цело време останува!

Поврзани новости