Јовановска разрешена од директорската позиција во ПИОМ

Нејзиното место ќе го зазеде Дритан Беџети од Алтернатива.

by Fokus 16:42
16:42

Разрешена е директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурувањена Македонија, Билјана Јовановска, потврди таа во изјава за „Фокус“.

Како што посочи таа, одлуката за нејзино разрешување е донесена на денешната седница на Управниот одбор на Фондот.

Инаку, Јовановска за в.д. директор на ПИОМ беше именувана во октомври 2020 година, откако претходно од 2017 раководеше со Агенцијата за вработување.

Неофицијално, Дритан Беџети од Алтернатива треба да ја наследи позицијата на Јовановска, која засега не заминува на друга функција.

Што се однесува до Беџети, неговото именување е резултат на договорот што го постигна Алтернатива за влез во Владата, откако Беса премина во опозиција.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, при изборот на своите кадри кои ќе ги предводат јавните институции побара задачата што им е доверена да ја вршат со достоинство, со почит и во согласност со политичките и етичките начела на партијата.

В.С.

 

Поврзани новости