Пендаровски: Ќе бидам претседател на држава од која нема да се срамите!

by fokus

Стево Пендаровски, во победничка атмосфера, опкружен со своите поддржувачи, пред малку се обрати пред јавноста.

-Слушнете го врховниот командант, низ насмевка извика Пендаровски, додека медиумите се подготвуваа за неговата изјава.

-Мој народе благодарам. Ви благодарам Македонци, Албанци, Роми, Турци, Бошњаци, Власи и сите други кои на кристално чисти избори одлучивте да продолжиме заедно напред. Ова денес беше нашата достоинствена победа, ова беше нашиот мудар народ, кој независно од етничка или политичка припадност се обедини и рече заедно напред, никако повеќе режим!

Свечено сакам да објавам дека ќе им служам посветено на сите. Исходот значи загарантиран пат напред во сојузите на НАТО и ЕУ. Излеговме од темното дно. Овие избори се победа на обединувањето и заедништвото, бидејќи само така е возможно да одиме напред. Се придржувам на водството во оваа држава. Ќе се залагам за правичност и правна држава. Ќе обединувам, нема да делам. Ќе бидам фактор на стабилност, а не фактор на кризи.

Благодарам за поддршката на Зоран Заев и на 31-та политичка партија. Благодарам и до моите противкандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река. Ќе бидам претседател на сите. Ќе бидам претседател на државата од која нема да се срамите, и тука и во странство. Прдолжуваме напред, рече Пендаровски, кој се заблагодари и на албански јазик.

 

 

 

Поврзани новости