Уставниот суд си се укина

by lali 20:06
20:06

Наместо да чуваме внуци, ние овде исправавме криви Дрини, вака претседателката на веќе непостоечкиот Уставен суд, Елена Гошева ја образложи причината зошто судот денеска се самораспушти.

– Некои од нас овде имаат внуци кои треба да се спремаат за екстерно, доаѓа зима шалови не сме им исплеле. Ние сме луѓе во години и наместо со тоа да се бавиме, ние овде ќе се занимаваме со таа „Панорама“ и со тој Жерновски кој запнал за ДУП-от ко слеп за стап. Уставот е јасен и напишан на македонски, нема што ние да го толкуваме. Од толку работа што имавме не сум стигнала на бања да одам – елоквентно објасни претседателката на она што беше Уставен суд.

- Advertising -

Професорката по Уставно право, Тања Каракамишева воопшто не е загрижена што од денеска нема што да предава.

– Уставот отиде во историјата, а јас отсекогаш сум сакала да бидам професорка по историја – кратко изјави Каракамишева.

Таа по повод укинувањето на Уставот ја испекла познатата торта со соодветно име Реформ. Како што ни вети, 16-то парче ќе им го подари на новинарите, ќе им исече од амандманот кој ја забранува цензурата и ја гарантира слободата на говорот.

Disklejmer

Поврзани новости