Премиерот на Македонија, господинот Грујошенко донесе историски успех за ФК Бате Мијалков во ЛШ!

by lali 18:21
18:21

(Вести од иднината/Македонија, 23.10. 2021 година) – Новиот македонски фудбалски клуб ФК Бате Мијалков е првиот македонски клуб во историјата што ќе игра во Лигата на Шампионите. Со победата над ФК Брисел со 2-0, ФК Бате Мијалков обезбеди пласман во групите од Лигата на Шампионите. Стрелец на двата гола беше премиерот на Македонија, господинот патриот Никола Грујошенко. Важно е да се напомене дека ова е голем успех на ФК Бате Мијалков предизвика сите граѓани спонтано да се соберат на полоштадот и заедно да го прослават овој голем успех што е достигнат благодарение на Владата.

Освен овој историски успех, Македонија бележи и дополнителни успеси скоро во секое поле. Како лидер во регионот, во Македонија нема повеќе медиуми кои го критикуваат работењето на владата на премиерот Грујошенко, нема ниту незадоволни граѓани, студентите повеќе не протестираат, а штрајковите на работниците се заменети со прослави на работниците кои несебично ја прославуаат секоја исплатена закаснета минимална плата.

- Advertising -

Покрај овие успеси, Македонија по изолацијата од ЕУ, бележи и голем пад на невработеноста. Како што вели статистиката, за само 2 години од Македонија се отселиле 200 000 невработени лица, со што бројот на луѓе кои бараат работа во државата се намали на рекордни 100 000.

Откако Македонија беше изолирана од ЕУ, не излезе така лошо како што предвидуваа соросидните медиуми, туку напротив, Македонија е лидер не само во регионот, туку и во светот.

Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.

Поврзани новости