Голема полициска акција „Лајк“: Oтворале втор фејсбук-профил, а немале 5.000 пријатели

by lali 17:40
17:40

Рано утрово околу 3 часот, поголема група на полициски специјалци приведе 12 фејсбук-корисници на информативен разговор под сомнение дека отвориле втор фејсбук-профил иако првиот не го наполниле со 5.000 пријатели. Некои од нив дури имале и Твитер!

Акцијата со кодно име „Лајк“ денеска пред новинарите ја презентираше министерката Гордана Јанкулоска.

- Advertising -

– Не може кој како му текне да отвори втор профил, си има правила. Постојат граѓани кои се мачеле да соберат повеќе од 5.000 пријатели и сега имаат два профила. Меѓутоа со ваквите криминалци нивниот труд се девалвира, а додека јас сум на интернет тоа нема да го дозволам – потенцираше Јанкулоска и додаде дека по барање на судија во претходна постапка приведените ќе добијат триесетдневно исклучување од Фејсбук.

Судот, пак, е дециден дека нема теоретски шанси исклучувањето од интернет да се замени со притвор во Шутка, како што бараа поголем дел од адвокатите на уапсените.

Осомничените ќе добијат кривична пријава за Злоупотреба на својата фејсбук-положба со цел стекнување на противправна корист – „еден куп незаслужени лајкови“. Според првичните проценки доколку сомнежите на полицијата се потврдат осомничените може да добијат меѓу пет и 10 години затвор без право на интернет, додека оние што покрај вториот и незаслужен профил имаат и Твитер, тие не може да сметаат на казна помала од 15 години.

Disklejmer

Поврзани новости