Зарем немаше место за Хорхе, Бан Ки-Мун и за папата?

by Фокус 20:49
20:49

Премиерот го промовираше реконструираниот локален пат меѓу Горно и Долно Лакоречеј викендов во охридско. Ама како што се гледа на фотографиите, покрај Груевски на сечење лента се појавиле и охридскиот градоначалник Никола Бакрачевски, што е нормално, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од тој регион Александар Николоски, што е очекувано, и ресорниот министер за патишта Миле Јанакиески, што е веќе претерано!

Сепак, не гледаме причина зошто на овој свечен чин да не присуствувале и претседателот Ѓорге Иванов, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-Мун и зошто да не папата Франциск.

- Advertising -

Единствено оправдување за нивното отсуство е тоа што не ги собира сите во кадарот!

10516848_10152617835312716_3295039422258597129_n

(фотографиите се преземени од официјалниот ФБ-профил на премиерот Никола Груевски)

Поврзани новости