(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus 17:59
17:59

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Фатиме ФЕТАИ несфатена навивачка
Ех, едно време ме ставаа и на маички, но еве сега на тапет ме ставаат,
што бев „гратис“ до Палермо, да навивам ни за нашите не ми даваат!
Е баш ми е гајле, може не сум веќе спец, ама гонам сомнителни лица,
и ми наоѓаат маани, дури и ако доказ имам дека сама плаќам за пица!

 

Никола ГРУЕВСКИ неиспазарен човек
Бреј, со кумот Ристо ме скараа, лаже ко пиштол да му туриле на чело,
а и Камчев исто се испазарил со власта, црно го прави тоа што е бело!
Баш и не се секирам за тоа судење, се суди по налог, стара традиција,
но тука Орбан има избори, па ако падне… ме чека брза екстрадиција!

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ задоволен од напредок
Кога бев на вонредниот самит на НАТО, на тема за украинската војна,
се видовме со Петков, и си реков зошто да не извадам корист двојна?
Си направивме муабет, во комисијата историчарите баш напредуваат,
јас сум задоволен, на компромисот за Гоце сите има да се „радуваат“!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Радмила Шекеринска, Павле Трајанов и Бујар Османи е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

 

 

Поврзани новости