576
Премиерот го промовираше реконструираниот локален пат меѓу Горно и Долно Лакоречеј викендов во охридско. Ама како што се гледа на фотографиите, покрај Груевски на сечење лента се појавиле и охридскиот градоначалник Никола Бакрачевски, што е нормално, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од тој регион Александар Николоски, што е очекувано, и ресорниот министер за патишта Миле Јанакиески, што е веќе претерано!
Сепак, не гледаме причина зошто на овој свечен чин да не присуствувале и претседателот Ѓорге Иванов, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-Мун и зошто да не папата Франциск.
Единствено оправдување за нивното отсуство е тоа што не ги собира сите во кадарот!
(фотографиите се преземени од официјалниот ФБ-профил на премиерот Никола Груевски)