ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да го осуди говорот на омраза на Макрадули

by fokus

Тања Станојоска од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите го повика министерот без ресор од турската заедница Аднан Ќахил да ја осуди навредата на Макрадули кон турската држава.

„Јани Макрадули заменик министер од редовите на СДСМ на социјалните мрежи јавно поддржува написи со кои се навредува Турција и турскиот народ кој се наши пријатели.

Тој јавно го поддржа натписот на Мицковски наменет до Турскиот претседател и турскиот народ цитирам „Е стварно сте мајмуни“.

Ниту Јани Макрадули се извини, ниту СДСМ се огради. Јавно го повикуваме СДСМ да го осуди овој говор на омраза и навреди на нивниот заменик министер. Ова е голема навреда за пријателскиот турски народ и држава, како и навреда кон турската заедница. Молкот од СДСМ дали значи одобрување и согласност кон оваа навреда кон турците?

Воедно го повикуваме и министерот без ресор кој е од турската заедница Аднан Ќахил да ја осуди ова навреда на Макрадули кон турскиот народ и држава“ изјави Станојоска.

Поврзани новости