Орбан им честита на ВМРО-ДПМНЕ и на Силјановска: Честитки за заслужената и историска победа

by Fokus

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, вечерва на Икс им ја честита изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на Гордана Силјановска-Давкова на парламентарните и претседателските избори.

Тој порача дека со нетрпение очекува да работат заедно на давањето нов импулс на процесот на пристапување на С Македонија во Европската Унија.

„Честитки за ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова за нивната заслужена и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме заедно на давање нов импулс на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ!“, напиша Орбан на Твитер.

 

Поврзани новости