Османи: Не смееме да го расипеме првиот впечаток, треба да останеме фокусирани на реформските приоритети

by fokus

Не смееме да дозволиме да го расипеме првиот впечаток, мора да останеме целосно фокусирани во спроведување на итните реформски приоритети и обврските кои произлегуваат од Пржинскиот договор, како и во понатамошното зајакнување на меѓуетничките односи, преку целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Омсани.

Османи оствари средба со амбасадорот на Шпанија Рамон Абароа Каранза, како и со амбасадорот на  Полска, Јацек Стефан Мултановски, во Република Македонија.

На средбата амбасадорот на Шпанија, Каранза, ги истакна добрите односи меѓу Република Македонија и Кралство Шпанија со надеж дека тие и понатаму ќе се продлабочуваат и ја оцени како позитивна динамичната агенда на новата Влада  како и нејзиниот инклузивен пристап кон граѓанскиот сектор.

Во разговорот со амбасадорот на Полска, една од клучните теми за разговор беше досегашната поддршка што Република Македонија во континуитет ја добива од Република Полска, особено во текот на претседавањето на Полска со Вишеградската група. Натаму беше истакната соработката и размената на искуства меѓу двете земји во рамките на Скопската конференција.

Поврзани новости