Фото: И Бате Геле со маица со ликот на Груевски на протест пред Кривичен суд

by Fokus

Кривичниот совет денеска треба да донесе одлука за притворите што СЈО ги бара за Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Драган Павловиќ-Латас, Елизабета Канческа-Милевска. Од тие причини, подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и денеска се собраа пред Кривичниот суд за да му дадат поддршка на раководството на партијата.

Меѓу присутните на протестот беше и штипјанецот Анѓеле Зафировски, познат во јавноста како Бате Геле. Тој учествуваше и во насилствата во Собранието, на 27 април каде што прв го нападна лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој и за време на апсењето ја носеше јакната со ликот на Мијалков, а во јавноста стана познат и со морбидните стихови преку кои му порача на Заев дека му нашол поп и му ископал гроб.

Поради постоење можност за протести и околу Законодавниот дом може да се забележи зголемено присуство на специјални полициски единици.

Фото: Томислав Георгиев

 

 

Поврзани новости