130
По 85% од пребројани гласови, партијата Левица соопшти дека имаат фиксни шест пратенички мандати.
„Она што се залагавме, ни успеа. Ја урнавме СДСМ на под 20 пратеника. Го преполовивме проектот на ЗНАМ од претседателските избори, овој изборен систем некаде не краде, во секоја изборна единица системот не краде. Левица ќе продолжи за петпати појако од сега, секој наш пратеник вреди повеќе од нивните. Уште веднаш започнуваме за локалните избори, се надевам дека до сабајле ќе имаме 7 пратеници“ порача лидерот на Левица – Димитар Апасиев.
Апасиев рече дека ќе продолжат да се залажаат за една изборна единица во Македонија.