На државата и треба стабилност и иднина – Ахмети не прифаќа да оди во опозиција?

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го остават фолклорот на страна и ги повика на разум. На прашањето дали со победата на ВМРО-ДПМНЕ значи дека ДУИ оди во опозиција и каква опозиција ќе биде ДУИ, Ахмети одговори:

-Мислам дека не ме разбравте кога реков дека на државата и треба стабилност и иднина, рече Ахмети, но не објасни што значи неговиот одговор.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски неколку пати повтори дека нема да коалицира со ДУИ. Иако „Вреди“, освои 13 мандати и славеше победа, ДУИ освои 19 мандати.

– Легитимитетот ни го дадоа граѓаните, мнозинството Албанци и малите заедници како Турците, Бошњаците и Ромите, на кои им се заблагодарувам. Ова е првиот чекор кон долгите етапи на Фронтот за Европа до полноправно членство во ЕУ, рече Ахмети.

Според Ахмети, денес, повеќе од кога било, на државата и треба стабилност, мир, нула проблеми со соседите, владеење на правото, почеток на преговорите и отворање на меѓувладините состаноци за официјален почеток на членството во ЕУ.

За изборниот резултат на Фејсбук се огласи и Артан Груби.

-АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ!Апсолутна победа на Европскиот фронт со 19:13 и за прв пат во историјата сме втора сила во државата. Честитки до сите граѓани и ви благодариме за поддршката во овие месеци, напиша тој на фејсбук.

Поврзани новости