Туск се повлекува од чело на ЕПП

by fokus

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, најави дека ќе се повлече од функцијата претседател на Европската народна партија.

Тоа следува еден ден откако тој најави дека ќе се врати во полската политика, како лидер на либералната партија Граѓанска платформа.

Актуелниот претседател на ЕПП рече дека разговорите за неговиот наследник ќе започнат на есен.

-Се разбира дека формално можам да бидам шеф на партијата Граѓанска платформа и на Европската народна партија, која обединува многу европски партии. Сепак, сакам да се вклучам сто проценти во полската политичка сцена – рече Туск.

Поврзани новости