Даниловски: Прашање на време е кога ќе дојде делта-вирусот

by fokus

Прашање на време е кога индискиот делта-вирус ќе се прелее кај нас, вели академикот Драган Даниловски.

-Тоа нема да биде пред есен, тогаш ќе залади и ќе почнат дружбите на затворено. Не верувам дека ќе има силен бран. За да се намали ризикот за брз продор преку границата, добро е да има бариера, а една од нив е ПСР-тестови на сите што влегуваат, особено на крај на летото – изјави Даниловски на Канал 5.

Тој истакнува дека мутациите на вирусот се јавуваа претежно онаму каде вакцинацијата се одвиваше млако.

 

Поврзани новости