МНР реагира до УЕФА поради „Северномакедонци“

by fokus

Министерството за надворешни работи соопшти дека испратило реакција до УЕФА на чиј офиицјален сајт претседателот Мухамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски се запишани како Северномакедонци по националност.

„МНР постојано води сметка за точната употреба на името на државата, државјанството и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации“, велат од МНР.

Поврзани новости