Тешко повредена девојка во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

by fokus

Дваесетгодишна девојка се здобила со тешки телесни повреди откако автомобил БМВ со штипски регистарски таблички излетал од коловозот на регионалниот пат Штип-Радовиш. Во возилото се превезувале четири девојки на возраст од 20 до 21 година, и едно момче на возраст од 22 години, кое го управувало БМВ-то. Според полицијата тешко повредената М.Д. се здобила со фрактура на втор вратен пршлен.

М.Д. била веднаш пренесена во Штипската болница, а потоа хоспитализирана во Клинички центар во Скопје.

Сообраќајката се случила рано утринава во 3 часот и 55 минути во непосредна близина на винарската визба „Имако“. Откако излетал од коловозот автомобилот  удрил во две дрвја кои се скршиле. Едното од дрвјата паднало врз возило „Пежо 206“ со кумановски таблички кое уредно било паркирано на паркингот, а во него имало две лица, возачот кој бил од Струмица и сопатничката од Куманово.

Според првичните информации, сите патниците од БМВ се задржани во Штипската болница со цел проверка на нивната здравствена состојба.

Поврзани новости