Температурата денеска ќе се искачи до 15 степени

by fokus

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе се движи од осум до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, максималната температура ќе достигне до девет Целзиусови степени.

Во поголем дел од земјава дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика топење на снежната покривка.

Поврзани новости