Два авиони се судрија на писта во Торонто

by fokus

Празен авион синоќа удрил во друг авион со патници на Меѓународниот аеродром „Пирсон“ во Торонто, Канада. За среќа нема повредени, но од судирот избил пожар на крилото на еден од авионите.

Пожарникарите брзо го локализирале пожарот на крилото. Авиокомпанијата „Вестџет“ подоцна соопшти дека нејзиниот авион, кој пристигнал од мексиканското летувалиште Канкун со 168 патници, стоел чекајќи да се доближи до зградата на аеродромот, кога во него удрил празен авион на компанијата „Санвинг“.

Патниците од Мексико, од авиононот излегле спуштајќи се на тобоган, бидејќи скалите не можеле да се поврзат со вратите.

Поврзани новости