Tag:

kolumna

  • Заради другите и заради себе, веројатно ќе треба да објаснам и од каде и јас, Албанец со три партии и еден кандидат, уште во првиот круг да ја заокружам тројката за претседател.

  • Проблемите со списокот и со гласачите можат да предизвикаат крик на задоволство кај оние што евентуално ќе бидат избрани од мртви гласачи, како во анегдотата за вработените во погребната дејност кои се радуваат со: „Да живеат мртвите!“

  • Чизма и мравка

    by Фокус
    by Фокус

    Светот денес е поделен на креатори и на уништувачи. Првите се како мравки што заеднички работат и упорно се грижат за опстанокот на светот, а вторите се разурнувачи што газат и уриваат. Дотаму дојде, да ги делиме луѓето на „мравки“ и на „чизми“.

  • Страв и срам се најчесто употребуваните зборови на политичката сцена, кои, пак, изразуваат емотивна состојба. Се плаши секој од секого, ама како никој да нема срам.

  • Нашата Македонска православна црква, која ги наследува традициите на Охридската архиепископија, треба да се раководи од истиот слободарски дух: Да му помага на своето членство и на својот народ, што појасно да се ориентира кон највисоките современи цивилизациски дострели – кон Западот!

  • Европската иднина на Србија го претвори Вучиќ, кој дојде на власт како националист, во политичар кој е прагматичен и кој зборува за економија. За разлика од Груевски, кој дојде на власт како економист, а се претвори во националист.

  • На оваа власт не ѝ е важно здравјето на народот. Таа не се грижи за него и не го ни поттикнува зашто здравиот човек не ѝ е приоритет. Ако здравјето на човекот навистина е приоритет на една земја, народните пари нема да се трошат на тркала, катни гаражи и споменици и на градби од гипс и стиропор!?

  • Имам впечаток дека опсесијата на груевци со Бранко веќе добива опасни размери. Неродено дете ќе поврзат со Бранко зашто мајката дишела ист воздух со Црвенковски. Па тие, бре, и Никола Младенов го врзаа во расипан дил со Бранко! Лудо до шизофрено!

  • ВМРО-ДПМНЕ моментално се наоѓа во ситуација на сложувач на сложувалка со ним омилените ликови. Ова е сложувалка на слика од Сталин која тие ја редат и се задоволни зашто веќе се наѕира докомплетирањето на ликот на Путин.

  • Зомби-реформи

    by Фокус
    by Фокус

    Поголемиот дел од нас упорно се трудат да ги задоволат наредбите од власта и глумат „кукли“.

  • Оваа владејачка гарнитура до сега не покажа смисла за развој на отворена економија. Како замена за таквата креативна политика, владата на Груевски нуди демагогија, лажен патриотизам, поттикнување на страв од соседите, недоверба и непријателски чувства кон Европа и САД!

  • Големи љубови отсекогаш постоеле и ќе постојат. Љубови за кои се пишувало, раскажувало, сликало, пеело. Моето лично толкување за љубовта е дека таа постои, но дека никогаш не доаѓа во брз автомобил, најавувајќи го пристигањето со чкрипење на гумите, а тивко демне од заседа, чекори кроце, на прсти, и пред да ја видиш и чуеш, таа е веќе во тебе.

  • Груевски и Ахмети трчаат заедничка трка, врзани за нозете еден до друг. Додека ја трчаат оваа трка, така врзани еден до друг, тие ќе мораат и да трчаат заедно, но и да се маваат со рацете толку, за публиката да види дека се маваат, а притоа тоа да не им пречи во заедничкото трчање.

  • Многу години, врхушката на ИВЗ, во текот на ваквите изборно-политички периоди во земјата, со испади во јавноста одбира да се истакне за да не биде заборавена како општествен чинител. Новиот момент е дека сега веќе имаме работа со бајаги одлепени појавувања, кои почнаа со позирањето во жолта облека, а кои сега преку Фејсбук се лесно достапни на увид на целата јавност.

  • Под ова наше небо само власта е горда. Таа се гордее со себе, со своите партиски членови, гласачи, бизнис-партнери и тендер-бизнисмени, споменици, фасади и лаѓи, со својот антички корен. Другите што не спаѓаат во ова гордо друштво, можат слободно да заминат или да се упокојат или само да сонуваат за една друга − поинаква Македонија. Зашто над оваа Македонија, денес, се раѓа едно ново сонце, под кое нема слобода и место за сите!

Newer Posts