За разлика од хаштагот на протестот на опозицијата, кој гласеше #protestiram од власта веќе спремија свој хаштаг, сосема соодветен за нивната цел при занимавањето со политика, и тој хаштаг гласи #profitiramЗа разлика од симболот „Отпор“ кој го користеа пред две години опозициските активисти против власта, оваа година владејачките активисти против опозицијата, во знак на почит и поддршка кон проектот „Скопје 2014“ имаат свој контра-симбол, „Стиропор“
Ако опозицијата пред две години се прослави со своето возило – „Лада нива“, оригинално возило оваа година имаат и контра-протестантите. Тоа е секако, легендарната лимузина од скромни половина милион евра. Подготвени се и транспаренти!
Што се однесува до фотографиите кои кружат по социјалните мрежи на кои се гледа дека се оградува со метални решетки просторот каде што приврзаниците на Никола Груевски ќе го одржат својот собир…
…. тоа не треба да чуди, оти сѐ е според научна методологија, која му е добро позната на премиерот:
*Бонус:
Инаку, во однос на банерот со кој се повикуваат учесниците на протестот, се појавија чудни шпекулации:
На пример, дека тоа е масло на стратезите од Пентагон кои им го подметнале на пи-ар кадрите во ВМРО-ДПМНЕ…
…или дека станува збор за завера на илуминати и сатанисти!!!!