Продолжуваат протестите на граѓанското движење „Протестирам“, во 18 часот пред Влада

by Фокус

Протестите на граѓанското движење „Протестирам“ продолжуваат и денеска, со тоа што за разлика од претходните денови кога се тргнуваше од пред Владата, па се одеше до Основен суд и пред Собранието на Република Македонија, или вчера, кога се тргна од Основен суд по што поворката стаса пред Владата, денеска протестот ќе се одржи пред Владата со почеток во 18 часот. Така, овој протест ќе стане засилување на кампот на демонстрантите кои рекоа дека нема да заминат додека не си замине владата на Никола Груевски.

-Како и ‪досега така и денес во 18:00 ќе протестираме и ќе ги повториме нашите барања пред Влада. Важно е да се напомене дека протестот нема да биде пред Основениот суд како што беше претходно најавено, туку пред Влада! информираат од „Протестирам“.

Поврзани новости