Освен Панчевски, прераспоредување добија и судиите Димишкова и Милошески

by Fokus

Освен судијата Владимир Панчевски, прераспоредување добија уште двајца судии од Кривичниот суд, потврди за „Фокус“, Иван Џолев претседателот на Основниот суд Скопје 1.

Како што ни изјави претседателот Џолев, судијката Весна Димишкова од Одделението за претходна постапка преминува во Одделението за претходна постапка – организиран криминал, а судијата Александар Милошески од судија во Одделението за кривично полнолетни преминува во Одделението за извршување на санкции.

Како што претходно објавивме, судијата Панчевски пак е прераспределен во Оделението за прекршоци.

Претседателот Џолев вели дека не му се реваншира на Панчевски.

„Одлуката апсолутно не е реваншизам. Едноставно условите во судот се сменети. Недостасуваат многу судии во Одделот за прекршоци, но одлуката е и поради пристрасноста на Панчевски, која сметам дека е пречка, доколку биде оставен во Одделението каде што бил распореден“, вели Џолев за „Фокус“.

В.В.

Поврзани новости