Владиката Петар отворил фонд за трето дете, а пари за болните деца само ако побараат

by Fokus

Апелите за донација за малата Валерија Зафировска од Штип, која треба да се оперира од тумор на мозокот во клиника во Турција, а за чија интервенција беа потребни 40.000 евра повторно предизвикаа бура од негативни реакции на социјалните мрежи насочени на сметка на државата. Во повеќе хуманитарни акции, во рок од неколку дена беа собрани потребните пари за операција на малото девојче.

Оваа тема повторно ги разбранува граѓаните, а тие својот револт го насочија и кон владиците од Македонската православна црква, барајќи од нив да бидат хумани, да се откажат од некој од скапите џипови и да донираат за децата кои треба да заминат на лекување во странство.

„Фокус“ се потруди да стапи во контакт со дел од поглаварите во МПЦ, од кои побаравме да ни кажат дали имаат фондови за донирање на деца за лекување во странство, дали тоа е регулирано на ниво на МПЦ или секоја епархија одлучува посебно и дали досега воопшто донирале за некое дете?

Владиката Петар од преспанско-пелагониската епархија вели дека тие имаат фонд за трето дете, со цел повеќе да се раѓаат деца.

– Ние имаме Фонд за трето, за повеќе да се раѓаат деца. И кога станува збор за болни деца од тој фонд можеме понекогаш да одделиме пари. Не е ни се јавиле лично да ни побараат – вели Петар.

Владиката Агатангел, пак тврди дека тој на ниво на неговата епархија давал донации за многу болни деца и ако сакаме можеме слободно да одиме и да провериме.

Официјален став побаравме и од Македонската православна црква, но не успеавме да добиеме одговор.

Ирена Мулачка

Поврзани новости