Нови лекови за стари болки

by Фокус 13:03
13:03

1. Овој лек им се препорачува на оние следбеници на владејачката партија кои што сакаат да ја сокријат својата сопствена хомосексуалност, со тоа што ќе бидат најгласните и најжестоките хомофоби во нивната средина. За полесно глумење на хомофобијата, да се зема „Хомофобин“ по потреба, а и без потреба:

 

- Advertising -

2. Иако произведен во лабораториите на претходната владејачка партија, овој генерички лек ВМРО-ДПМНЕ го презеде и го претвори во дегенерички препарат кој што им се препорачува на сите кои сакаат да бидат провладини експерти, дури и кога се претставуваат како независни аналитичари. Не содржи срам, перде, достоинство, здрав разум и други штетни состојки, кои би го спречиле глумењето на лудило. Секое пакување содржи таблети во сите потребни партиски бои.

 

3. Крема одамна позната на нашиве простори, од сега достапна и во џебно пакување. Секој полтрон кој што сака да напредува глатко и мазно на патот кон врвот на неговата партија, мора задолжително да ја набави.

 

4. Препаратот „Спиноверглан“ со екстракт од јаден бурек е додаток во исхраната кој им се препорачува на сите оние што не можат да ја сварат грдата реалност и кои потезите на партијата за која гласале ги тераат редовно и сѐ почесто на повраќање.

 

5. Лекот „Пропагандин“, кој во Македонија се произведува уште од 2006-та година, е препарат што ВМРО-ДПМНЕ го произведува по лиценца на германската фармацевтска куќа „Доктор Гебелс“. Лекот е со 24 часовно дејство седум дена во неделата. Иако е доста скап, докажано е ефикасен, и помага при смирување на народот и замолчување на секаква критичка мисла. Се препорачува да се користи нон-стоп.

6. Кога народот е гладен, кога нема пари, кога цените раснат, кога реформите ќе заглават – „Уапсин“ е тука за да се одвлече вниманието на јавноста од реалните проблеми. Се препорачува да се користи спектакуларно и пред тв-камери, за посилен ефект.

Поврзани новости