На кого личат македонските политичари?

by fokus

Македонските политички партии се полни со луѓе кои едни на други си личат според ставовите, оти сите го следат диктатот на партијата. Но, во физичка смисла секој наш политичар има уникатен изглед барем во рамките на Македонија. Но надвор од тие рамки, за многумина од нив може да се најдат двојници. Па, еве неколку од нив.

chavkov berija

  1. Чавков и Берија

Озлогласениот шеф на тајната полиција на Сталин, Лавренти Берија и озлогласениот шеф на јавната безбедност во владата на Грујо, Митко Чавков споделуваат многу повеќе од физичка сличност. Имено, и изборот на професијата и карактерот на режимот на кој решиле да му служат им се заеднички.

oliver orban

  1. Оливер и Орбан

Актуелниот заменик министер на МВР, Оливер Андонов, е просто неверојатно колку многу физички наликува на унгарскиот премиер Виктор Орбан. И не само физички, туку и двајцата се десничари со авторитарен порив.

antonio her flik

  1. Антонио и Хер Флик

Пратеникот Антонио Милошоски, кој своето образование го заокружи во Германија, многу наликува на офицерот на Гестапо, фамозниот Хер Флик, од култната серија „Ало, Ало“.

daniela i dara

  1. Даниела и Дара

Пратеничката Даниела Рангелова, многумина според физичкиот изглед, а особено русата коса и шишките, ги потсетува на српската пејачка Дара Бубамара. Не знаеме дали Рангелова пее како Дара, но ако реши да „пропее“ деновиве тоа ќе биде на распит во СЈО.

ervan rafiz

  1. Ерван и Рафиз

Пратеникот Рафиз Алити обично го гледаме со капче на главата. Сигурно си има многу причини за таквиот моден избор, но една од нив веројатно е за да не го мешаат со поранешниот претставник на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере.

ugrinovski lukashenko

  1. Угриновски и Лукашенко

Лидерот на Сојузот на титовите леви сили, Слободан Угриновски и претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, освен што си личат на физички план, се чини дека и на идеолошки план споделуваат носталгија кон времето на комунизмот.

stevcho lula

  1. Стевчо и Лула

Поранешниот претседател на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва и градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, барем според брадите, личат еден на друг. Но, ако бразилецот е обвинет за корупција, овој нашиот не е, барем не сѐ уште.

poposki mister bin

  1. Попоски и Мистер Бин

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, многумина го споредуваат со Мистер Бин, лик кој го играше толку вешто британскиот комичар Роан Аткинсон, кој пак на времето го играше и ликот запаметен кај нас како „Црна Гуја“. За Попоски пак, се шпекулираше дека ќе го замени нашиот црн Грујо како лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

elvis kim

  1. Елвис и Ким

Градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, освен што на многу рана возраст добија власт, освен што и двајцата се синови на влијателни политичари, барем кога носат очила за сонце – наликуваат еден на друг.

10-katica-i-biba-doddeva

  1. Катица и Биба

Уште кога беше избрана за Специјален јавен обвинител, Катица Јанева сите ја споредија според изгледот со популарната пејачка Биба Додева. Ако од Додева најголем хит е песната „Јас и мојот бенд“, и кај Јанева нејзиниот „бенд“ специјални обвинтител(к)и на моменти се чини дека е попопуларен од неа самата.

Поврзани новости