Пораки по митингот на ВМРО – ДПМНЕ: Груевски, ниту Курц не те „вади“ во Кавадарци

by fokus 15:14
15:14

Не само во Скопје, туку и на митингот во Кавадарци ВМРО – ДПМНЕ  требаше да си донесе увезени поддржувачивелат од „Кавадарци Протестира“, бидејќи според нив, митингот на коалицијата ,,За подобра Македонија’’, бил еден од најслабо посетените досега во Тиквешијата.

 

kavadarci-miting6-1
 
,,Дали имаше и 800 луѓе на градскиот плоштад во Кавадарци, и покрај тоа што повеќето од митингашите беа дојдени од Скопје и други градови со организиран превоз. Кавадарчани покажаа дека повеќе немаат верба во ВМРО – ДПМНЕ, по сите случувања со лозарите, но и по неисполнетите ветувања, а секако и по она што цела јавност имаше можност да го слушне во бомбите. Партијата на Груевски сама си удри шамар во Кавадарци, со тоа што дозволи Панчо Минов, некој кој што до вчера беше најгласен против ВМРО, денес да стои во нивно име и да ги убедува граѓаните дека токму оваа партија е најдобриот избор“, велат кавадарчани.

Според нив, бадијала им биле на ВМРО – ДПМНЕ, вработените во администрација кои што излегоа на митингот и стотината Роми што биле донесени со автобуси:

„Џабе им беше Љупчо Аризанов од ,,Агротиквешија’’ кој го дозакопа лозарството во Кавадарци. Дури и Курц да го донесеа, овде народот повеќе не им верува’’,  велат од невладината „Кавадарци Протестира“.

Тие додаваат дека и штабовите на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци постојано се празни, а членовите се разочарани поради Панчо Минов, и се раскарани помеѓу себе.
Според нив, нетрпението кое што владее во партијата било причина да се одложи и Комитската вечер, настан на кој што ВМРО-вци со години наназад масовно се собирале и славеле.

- Advertisements -

Вечерва кавадарчани се подготвуваат за митингот на СДСМ, кој што е најавен за 19 часот. Пред тоа, во 17 часот СДСМ ќе има митинг во Неготино.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости