Попоски: И Ховит како левичар одеше на настани на СДСМ

by fokus

Никола Попоски, носителот на листата на ВМРО – ДПМНЕ во Првата изборна единица одговара на Фејсбук на реакциите по настапот на Себастијан Курц, австрискиот шеф на дипломатијата на синоќешниот митинг на ВМРО – ДПМНЕ.

„Кога Ричард Ховит како левичар одеше на настани на СДСМ и најотворено заземаше страна за сестринска партија и тоа од позиција на известувач во Европскиот парламент, што по дефиниција треба да има неутралност, тогаш тоа не беше проблем. Но, ако случајно некој десничарски политичар дојде на настан на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш тоа било заземање страна… Па барем малку објективност да се задржи. На крајот, мислам дека ни требаат пријатели на Македонија и од лево и од десно, а народот во Македонија е тој што одлучува суверено каков треба да е составот во Собранието по избори. Дајте да се обединиме околу една и единствена причина – европската кауза на Македонија!“, пишува Попоски.

Поврзани новости