МВР за „Фокус“: Приведени се бизнисмени, инспектори и функционери на ДУИ

by Fokus

Од министерството за внатрешни работи работи за „Фокус“ ја потврдија акцијата во која се приведени повеќе лица.

„Утринава полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, при што веќе има приведени повеќе лица – бизнисмени, инспектори, меѓу кои и функционери на ДУИ. Со оглед на професиите на лицата кои се апсат, очигледно станува збор за криминални дејствија поврзани со даночни проневери и перење пари.

Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси во координација со ОЈО ГОКК, а за детали околу кривичните дела на оваа организирана криминална група и приведените лица ќе информираат во текот на денот.

Информациите за апсењето ги потврдуваат и од Обвинителство, каде се очекува во текот на денот да излезат со официјално соопштение.

 

Поврзани новости