Акција на МВР: Се апсат бизнисмени и функционери на ДУИ

by Fokus

Министерството за внатрешни работи утрово извршиле претреси на повеќе локации во државата, при што има уапсени повеќе лица, дознава “Фокус”.

Неофицијално меѓу уапсените се и членови и високи функционери на ДУИ.

Како што дознаваме, меѓу приведените има и даночни инспектори и бизнисмени.

Според првичните информации, меѓу приведените е Исмет Гури, член на ДУИ, кој неодамна беше осуден на казна затвор од три и пол години за изборни нерегуларности, како и неговиот син.

Според нашите информации,  приведени се инспектори на Управата за јавни приходи каде Гури беше заменик-директор.

Апсењата се поради сомнение за перење пари и затајување данок.

Поврзани новости