Ескобар: Ангажирани сме Бугарија да не поставува нови барања за Скопје

by Fokus

Соединетите Американски Држави (САД) силно го поддржуваат процесот на спроведувањето на уставните измени кои Северна Македонија треба да ги усвои за да продолжи со своите евроинтеграции, а се ангажирани и со новата влада на Бугарија за да се осигураат дека нема да поставува нови барања за Скопје.

Ова го истакна специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, за време на синоќешната дебата за Западен Балкан пред Поткомитетот за надворешна политика на Конгресот на САД.

„За да ги продолжи своите аспирации за ЕУ, владата на Северна Македонија се обврза да донесе уставни измени за промена за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор, а исто така сме ангажирани новата влада на Бугарија за да се осигураме дека нема да поставува нови барања откако Северна Македонија ќе ги исполни своите обврски од постоечките договори“, рече Екобар.

Тој нагласи дека Северна Македонија и Албанија веќе ги отвориле пристапните преговори со ЕУ и се цврсти партнери на САД и сојузнициво НАТО, кои се залагаат за нормализација на осносите меѓу Белград и Приштина.

Поврзани новости