Милчин: Оваа влада нема толку долго да биде поштедена од критики, како што беше владата на Груевски

by fokus

Владимир Милчин вечерва гостува на Канал 5 каде што рече дека новата Влада многу ветувала, а сега нема толку остварување.

-Колку брзо се забораат ветувањата. Помалку ветувајте, повеќе остварувајте. Сега нема остварување. Не гледам дека денеска има повеќе правда отколку што имаше во времето на режимот. Добро, има разлика во медиумите, повеќе се повеќе отворени и нема спектакуларни апсења. Точно е и дека сега повеќето невладини се стишени. Мислам дека дел од нив се уште набљубудаат, но молчењето нема да трае уште долго. Оваа Влада нема да има толку време ко Владата на Груевски, нема толку долго да биде поштедена од критики и реакции, изјави Милчин.

Поврзани новости