Министерот Поповски ги осуди заканите кон Селмани

by fokus

Кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски денеска ги осуди заканите од братот на Бекир Асани кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

-Најостро го осудуваме секој обид за напад или закана врз новинарите. Ги повикуваме сите надлежни институции да го истражат случајот во врска со пријавата за закана врз претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Потенцираме дека Владата на Република Македонија е цврсто определена кон почитување на слободата на изразување, професионално и објективно работење на новинарите, без политичко влијание или какви било притисоци, се вели во реакцијата

Поврзани новости