Мицкоски со мало „м“ ги брани Македонците од дијаспората

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево преку својата Фејбук страница реагираше за, како што вели, негативната кампања кон иселениците. Во својата објава, Мицкоски зборот Македонци го напишал со мало „м“.

-Во изминатите неколку денови забележувам интензивна, поширока негативна кампања насочена кон македонските иселеници кои ја сочинуваат нашата дијаспора, генерализирајќи и критикувајќи ја нивната улога и дејствување. Македонската дијаспора е составен дел од ткивото на оваа држава, тие се македонци, кои имаат право на свое мислење, глас и се нераскинлив дел од оваа држава, со свои домови, роднини по нашите села и градови. Нам како држава не ни е потребна уште една основа за поделба и на така веќе поделеното граѓанско ткиво. Јас никако не би го намалувал нивното значење и во економска смисла. Дијаспората во вид на девизни дознаки во 2017та година испратила 194 милиони евра во Република Македонија, пари кои се потрошени во нашата држава, пишува Мицкоски.

Тој додава дека бројот на иселеници веќе не е дел од темите на Владата на СДСМ.

– Изворот на повеќето вакви навреди се оние кои во минатото политички манипулираа со оваа тема, па се прикажуваа за лажни душегрижници, еден ден правејќи театар редеа чевли на иселените пред владата, друг лицитираа со бројки на иселени без било каква математична и научна прецизност, трет ден бараа да се укине нивното право на глас на изборите и се така до недоглед. Денес гледаме сосема поинаква слика, епозода во која повеќе иселениците не се тема за владата, нема бројки за тоа колку се вратија во потрага по “живтотот” кој толку многу го најавуваа дека ќе дојде, но затоа гледаме една црна кампања без основа, вели Мицкоски.

Поврзани новости