Манчевски: Стаменковска заборави да спомене дека и во МВР има заразени со Ковид-19

by fokus

Министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски апелира пандемијата со коронавирусот да се користи за политички пресметки, бидејќи како што вели поделбите, лажните вести и ширењето паника нанесува само штета.

„Никој нема да добие ништо од тоа. Нашата борба е со ковид-19 и само со почитување на мерките можеме да ги намалиме бројките на позитивни независно во која институција работат. Коронавирусот не ги избира луѓето по тоа дали работат во јавната администрација или се во приватен сектор. Во новото нормално за кое се подготвува целиот свет, мора да бидеме подготвени дека вирусот ќе го има околу нас. Наша обврска е да се заштитиме себеси и своите најблиски со почитување на мерките на здравствените работници кои се еднакви секаде“, вели Манчевски.

Тој одговори на заменик-министерката Невенка Стаменковска-Стојковски во однос на заболените со ковид-19 во државните институции.

„Кога веќе споменува во кои институции работат дел од позитивните случаи, се прашувам зошто заборава да го спомене МВР. И таму во повеќе наврати дел од вработените беа тестирани позитивни, помеѓу кои и советникот на техничкиот министер. Или оваа информација не им оди во прилог во матрицата на поделби што сакаат да ја наметнат во јавниот сектор“, рече Манчевски.

Поврзани новости