Филипче: Уште едно дете го победи ракот, Онур уживај во детството

by fokus

Уште едно дете, по борбата со ракот е излечено, и отсега ќе може да ужива во своето детство. Оваа вест ја сподели министерот за здравство, Венко Филипче, на фејсбук, објавувајќи и видео.

-Деновиве, нашиот јунак Онур го испративме дома од хемато-онколошкото одделение од Клиниката за детски болести. Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш! Го славиме животот со сите деца кои го победиле ракот, тоа се нашите јунаци, непобедливи. Оваа недела е посветена на сите кои победиле карциномот, напиша Филипче.

Деновиве, нашиот јунак Онур го испративме дома од хемато-онколошкото одделение од Клиниката за детски болести. Онур…

Publiée par Венко Филипче sur Mercredi 10 juin 2020

Поврзани новости