ССМ: Чулев ни врши притисок и формира паралелен синдикат

by fokus

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска обвини дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев врши притисок врз синдикатот и формира паралелен синдикат во Министерството со цел да се замолчи Македонскиот полициски синдикат.

-Тоа за нас е недопустливо бидејќи со тоа се крши Конвенцијата 87 за слобода на здружување и затоа сме приморани да ги информираме сите релевантни домашни и странски институции и ќе побараме помош за немешање на институциите од власта во организирањето и дејствувањето на ССМ“, рече претседателот на ССМ Дарко Димовски на прес-конференција.

Тој го повика Чулев да каже дека седниците на највисоките тела на Синдикатот – Советот и Претседателството, се одржуваат со присуство на инспектори од МВР. Притоа кажа и дека во изминатите две недели тој лично двапати бил викнат во полициска станица и бил информиран дека против него е поднесено кривична пријава.

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев посочи дека во март на состанок во кабинетот на министерот добиле директна закана дека доколку не престанат со нивните барања, ќе биде формиран нов синдикат.

-На 29.4 во МТСП е регистриран нов, трет синдикат на полицијата и на 13.05 е запишан во Централниот регистар, а на  2.06 со договор спротивен на законските прописи и колективниот договор на МВР ја крунисаат соработката, рече Димовски и побара од Владата да го поништи овој договор.

Поврзани новости