Македонските анонимуси со нова порака: Извршители – убијци -вие сте на ред

by Frosina Fakova

Македонските анонимуси излегоа со нова порака на Твитер и потврдија дека тие стојат зад нападот на сајтовите на Министерството за образование и Министерството за здравство и најавија дека следна цел им се извршителите.

„Немојте утре да се правдате дека сте правеле истрага и затоа биле паднати сајтовите, немојте повеќе да лажете, срамно е! Извршители – убијци – вие сте на ред, спремете се“, се наведува на профилот на анонимната хакерска група.

Откако утрово беше хакирана веб страната на Министерството за здравство, хакерите на „Твитер“ пишуваат дека тие во ниту еден момент не го загрозиле маил серверот на здравство, туку направиле екстракт на мејловите.

„Сајтовите, и маил серверот се изгасени од страна на шалабајзерите што се систем админи во тие министерства“, се наведува на профилот „AnonOpsMKD“.

Претходно од Министерството за здравство објавија дека нивната официјалната веб-страница не функционира, а не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата. Одговорноста за хакерскиот напад ја презема групата која стои зад профилот „AnonOpsMKD“, а која претходно призна дека е одговорна и за паѓањето на македонскиот агрегат за вести Тајм.мк

Поврзани новости