Крушевчанец преку телефон правел лажна анкета за корона вирусот во градот

by Fokus

Бројот на заразени од корона вирусот во Македонија постојано расте, а досега се регистрирани вкупно 430 случаи позитивни на заразата.

Неодамна било пријавено дека крушевчанец пред повеќе од две седмици направил лажна анкета за корона вирусот во градот, претставувајќи се дека се јавува од Центарот за јавно здравје Прилеп.

„На 20.03.2020 во Полициска станица Крушево, П.Ј. од Крушево пријавил дека на 17.03.2020 во 12.31 часот телефонски бил исконтактиран од С.Н. од Крушево кој лажно се претставил дека се јавува од Центарот за јавно здравје Прилеп при што направил лажна анкета во врска со придржувањето кон мерките за заштита од Корона вирусот. Од полициски службеници од Полициска станица Крушево излезено е на местото на настанот и извршен е разговор со пријавениот  и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, не информираа од МВР.

Ваквото ширење на паника во никаков прилог не оди за жителите на Крушево, каде се уште нема ниту еден регистриран случај на корона вирусот.

Додека пак, наjблискиот град на Крушево – Прилеп досега има 22 лица позитивни на опасната зараза.

Ј.Ц.

Поврзани новости