Косовец донесен мртов во амбуланта, известен Институтот за јавно здравје

by Frosina Fakova

Шеесетгодишен Косовец вчера бил донесен починат во амбуланта на улица „Втора македонска бригада“, соопштуваат од МВР.

Од амбулантата случајот го пријавиле во СВР Скопје вчера околу 12.30 часот, а според кажувањата на неговиот син, починатиот човек имал хронично заболување.

Во услови на епидемија на корона вирус, за случајот е известен Институтот за јавно здравје, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Поврзани новости