Ќе се снима филм за авантурите на Грујо и Миле во комбето

by Фокус

Секако, во филмот ќе се појави и фамозното комбе со кое беа шетани функционерите на разгледување на парцели на Водно, а ако може да се суди според објавениот постер за филмот, токму со тоа комбе нашите јунаци, бесрамните… ова, бестрашните Миле и Коле ќе го пробијат и потпорниот ѕид, за кој се беа договориле да го изградат за да не гледа народот, кој тоа живее во луксузните вили на ридот зад него.

Комбето инаку, дознавме ексклузивно, ги има поминато сите технички прегледи и во МВРО и во ВМРО и сѐ е според Уставот и Законите. Филмските критичари се едногласни во своите пофалби за уметничкиот квалитет на филмот, пред сѐ затоа што оние од нив кои се осмелија да кажат дека филмот не им се допаѓа, еден по еден за уши беа фатени и фрлени во ендек, а кафеаните им беа запалени.

Филмот ќе се прикаже премиерно на омилената телевизија на Преродбата, веднаш после куртон-вестите кои по барање на началникот наместо во 10.00 ќе одат во 9.00 часот. Нормално, под услов да не им исклучи некој струја во студио.

Тоа е тоа. Немаме за леб, ама филмови снимаме. Ние сме лудаци, ама шу ќе прајш?

 

Напомена: Текстот е измислен и е со сатирична намена.

Поврзани новости