Јанева: Не работам според имиња или функции, работам според докази

by fokus

„Не работам според имиња или функции што некои луѓе ги носат, туку работам според докази“, изјави специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, одговарајќи на новинарско прашање околу обвинувањата од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски искажани на вчерашната прес-конференција.

„Би била многу среќна ако тие луѓе се невини и да се повлечат сите тужби против нив. Ако кој било има аргументи дека работам против поединци или слично јавно нека го каже тоа“, рече Јанева.

Околу наводите дека СЈО нема поднесено ниедно обвинение против членови на ДУИ, Јанева изјави дека тие имаат неколку предистражни постапки за членови на оваа партија и оти главна пречка е јазикот бидејќи материјалите што ги имаат најпрвин треба да бидат преслушани од службени преведувачи и преведени, па дури потоа да се достават до обвинителите на СЈО за тие да решат што понатаму. Тоа, како што рече, е главната причина зошто им треба повеќе време во однос на другите предмети.

Јанева не сакаше да ги коментира протестите во Скопје пред Основниот суд Скопје 1, бидејќи рече дека луѓето што протестираат не се изјасниле зошто протестираат таму.

 

Поврзани новости