По селфито на оскаровците кое ги помина сите рекорди на популарност на социјалните мрежи, се појави ново уште поинтересно селфи. Имено, премиерот на Македонија Никола Груевски во владиното ве-це, по малата нужда решил да си удри еден кадар на огледалото, но резултатот бил запрепастувачки.
„Премиерот бил сосема сам пред огледалото кога се сликал, ама на фотографијата излегле два лика“, јавува висок владин извор кој во тоа време бил над писоарот.
СДСМ веднаш излезе на пресконференција за да каже дека конечно на виделина излегла дволичноста на Груевски.
– Се претставува како човек од народот, а работи за доброто на Фамилијата. Тоа е таа негова дволичност – изјави Петре Шилегов и веднаш отиде во банка да аплицира за кредит во случај да не му стигне тужба.
Неофицијално чудни селфи-портрети им се појавиле и на пратениците Амди Бајрам и Силвана Бонева. Барјам откако се сликал на фотографијата излегло шише од „кока-кола“ – два литра, а кога Бонева си правела селфи на кадарот се појавила само половина од нејзиниот лик. Другата половина и била во ве-цето од вториот стан на улица „Димче Мирчев“.