Хајредини: ДУИ нема да ги издржи промените, можно е пензионирање на Ахмети!

Ако ДУИ го загуби и Скопје, откако остана без Гостивар и Тетово, тоа ќе значи пензија за Ахмети, вели тој во изјава за „Фокус“.

by Фокус

СДСМ убедливо ќе ги загуби следните парламентарни избори од ВМРО-ДПМНЕ, но нема да ја доживее судбината на грчки ПАСОК, вели политичкиот аналитичар и поранешен пратеник и министер Џевдет Хајредини во изјава за неделникот „Фокус“, кој анализира „Дали Мицкоски ќе слави пирова победа како Борисов или Ковачевски ќе пропадне како Папандреу“.

„Гербизација“ на ВМРО-ДПМНЕ или „пасокизација“ на СДСМ

Трендовите се лоши за СДСМ, која се повеќе губи поддршка кај Македонците, која е толку голема за ВМРО-ДПМНЕ, што мислам дека нема да може да се игнорира после следните избори и Христијан Мицкоски ќе ја предводи следната влада. Сепак, тоа не значи дека СДСМ ќе заврши како ПАСОК, а Левица ќе го зазеде нивното место. Левица ќе остане маргинална партија, која сега има 2, а на следните избори ќе има 5 или нешто повеќе пратеници – вели Хајредини.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да формира влада без ДУИ, која, како што посочува, нема да остане имуна на промените. Дури, Хајредини очекува скоро пензионирање на Али Ахмети.

Тоа нема да се случи како во Косово, како последица на судски постапки од хашкиот трибунал. Тоа ако требаше да се случи веќе ќе се случеше. Тоа ќе биде резултат од притисокот на Албанците, но и внатре во неговите редови. Алијанса влезе во владата, но таа пак е против ДУИ, а против ќе бидат и „огнените“. Ако ДУИ го загуби и Скопје, откако остана без Гостивар и Тетово, тоа ќе значи пензија за Ахмети – вели тој.

Влатко Стојановски

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости