1437

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

БИТНО СЕ ГРАДИ!
Но, не се крадеше, упс, градеше, само во време на Груевски. Ако тој остави белег со најскапиот проект „Скопје 2014“, кој чинеше 700 милиони евра, сегашната влада е на чекор да го урне рекордот, и тоа не за ситно.

„ГЕРБИЗАЦИЈА“ ИЛИ „ПАСОКИЗАЦИЈА“
Дали СДСМ ја чека судбината на ПАСОК, која беше истисната од страна на Сириза, или пак ВМРО-ДПМНЕ ќе заврши како ГЕРБ – да  победи на избори, ама да не успее да состави влада?

ИНТЕРВЈУ – АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ
Потпретеседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „Фокус“ ексклузивно открива нови спорни моменти од договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д кој Владата го потпиша со „Бехтел и Енка“, а говори и за процесот на уставни измени и на други теми.

ДВОЈНИ АРШИНИ
Според досегашната пракса, многу често се случува психијатриските вештачења нарачани од политичарите да служат како маска само да се стигне до поголема сума пари. Но, и во секое правило постои исклучок…

ДВОЈНОТО УБИСТВО
Синот на познатиот Џелал Ајети-Џељо, кој ја основаше криминалната група „Беланоца“, паднал во рацете на полицијата за продажба на дрога и оружје. Но, кога се случи двојното убиство во „Шиша бар“, тој бил на слобода…

ТАЈНИТЕ КЛАУЗУЛИ
Јавноста е изгорена од сите дубари низ годините, па со право сега дува и на најавите за некакви тајни клаузули во договорите за изградба на автопатиштата.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Претставниците на големите сили, кои ја држат рамката на светската политика, тоа јасно ни го кажуваа и во Скопје: ако не ја исполните зададената задача, ние не можеме веќе да ви помогнеме.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Стратегијата за почнување предизборна кампања една година порано е во функција на „продавање рогови за свеќи“, со униформираност во црвени џамадани.

Проф. д-р Тодор ДАВЧЕВ
Владината популистичка одлука за увоз на половни возила ги девалвира техничките прегледи на возилата. Новите газди на станиците за технички преглед, ги намалија критериумите на квалитетот.

Ана ПАНОВСКА
Целта на оваа владејачка гарнитура е да почне изградба на нови автопатишта низ државава. Готово! Купено од моја страна!

Јован КРАЈЕВСКИ
Законското решение за солидарен данок е избрзано, но аргументот на ДПМНЕ дека причината е тоа што не е консултирана академската заедница е аргумент што има само една цел – да го штити крупниот капитал.

Бисера Костадиновска-СТОЈЧЕСКА
Жената може сѐ, и во фустан, и во костум, и во фармерки. Може во исто време да гради дом, да создава историја, да води армија, да е феноменален готвач, да е секогаш средена во ноктите, не секогаш во косата, ама може и да го преврти светот.

Гордана ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА
Зошто не го завршивте автопатот Кичево-Охрид? До каде сте со автопатот кон Блаце? Како казнените пенали, кои се класичен криминал во случајот со надзорот на Коридор 8, ќе имаат мултипликативен ефект?