Жестока кавга во БиХ, се споменува распад и војна

by Фокус

Членовите на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ го обвинија лидерот на босанските Срби, Милорад Додик дека со своите постапки предизвикува криза која што може да доведе до распаѓање и војна во земјата.

Додиќ, пак, возврати со порака дека Република Српска со сите средства ќе се бори против обидите да и се ускратат овластувањата.

Нова размена на остри зборови дојде по најавата на Додик дека во понеделник ќе организира потпишување на заедничка изјава на партиите застапени во парламентот на РС со која на БиХ како држава и се оспорува правото на имот.

Додик инсистира на тоа дека сите недвижни имоти на територијата на БиХ кои ги наследила како државно сопствеништво всушност се имот на ентитетите и на тој начин и пркоси на пресудата на Уставниот суд на БиХ кој на ентитетите им збарани да располагаат со тој имот се додека тоа не се уреди со закон кој ќе го донесен парламентот на БиХ.

Беќировиќ му возврати дека тие чекори се „играње со оган” со опасни последици бидејќи значат отворање пат кон сепаратизам и можат да го загрозат мировниот процес. Однесувањето на Додик, Беќировиќ го спореди со она на Радован Караџиќ и Ратко Младиќ кое доведе до војна во БиХ.

Комшиќ, пак, коментираше дека Додик оди по патот на конечно отцепување на РС, а во тоа на некој начин му помага и лидерот на ХДЗ, Драган Човиќ ,бидејќи не се откажува од нивното претходно прокламирано партнерство.

И Додик не остана должен и му возврати на Беќировиќ дека тој го урива мирот и му порача „да не си игра со големи зборови и да не се заканува со туѓо оружје”.

Поврзани новости