Можеби сте ги виделе овие момци и девојки качени на скопското Кале, во кругот на средното медицинско училиште, кај ѕидчињата пред Владата и кај спортскиот центар „Борис Трајковски“ или во комплексот Порта Влае и веројатно ве зачудиле нивните лудории и храброста со која ги изведуваат акробациите.
Овие триесетина млади скопјани се занимаваат со екстремниот спорт паркур.
Паркурот потекнува од Франција и има едноставна филозофија – најбрзо да стигнеш од некоја точка А до друга точка Б , поминувајки ги препреките што ќе ти се најдат на патот.
Меѓутоа сѐ повеќе и повеќе се вметнуваат трикови во движењата и со тоа се создава фриранингот, кој многу повеќе се вежба во Македонија отколку паркурот.
Многу е тешко да се развие ваков вид на спорт, најмногу поради реакциите на родителите и сѐ помалку млади луѓе се заинтересирани да се занимаваат со паркур. Меѓутоа, Скопје е град создаден за овој спорт.
Паркурот има голем потенцијал во Македонија и нашите акробатски-спортисти може да се носат рамо до рамо со оние од поразвиените земји каде на паркурот му се пристапува многу посериозно.
Десет спортисти ќе ја претставуваат Македонија на балканскиот наптревар во Косово во септември.
Забрането е да се преземаат фотографиите без наша дозвола.